Делото на Вангел Деребан
Вангел Деребан е роден во Струга во 1920 година. Филигрански чирак бил уште од најрано детство. Иако одличен познавач на занаетот, Вангел Деребан имал макотрпен пат до мајсторската диплома. Тој е шеста генерација филигрански мајстори на фамилијата Деребан. Веќе неколку века Деребановци се занимаваат со филигранство, а пишан документ за тоа Вангел Деребан има од 1819 година.
Вангел Деребан го прослави македонскиот филигран и накит кој го носат видни светски личности меѓу кои данската принцеза Маргарит II и поранешниот државен секретар на САД Медлин Олбрајт. Сребрената пеперутка позната по тв спотот „Купувајте македонски производи“ која се чува во националниот Музеј на Македонија ја има изработено неговиот татко Александар.
Во филигранот на Дерабан се вградени национални белези и во него пулсираат исконските дамари на македонската стара цивилизација. Тој е синоним за македонскиот филигран и во неговиот дуќан дишат охридското и македонското кујунџиство од турско време до денес.
„Делата на Деребан со своето врвно филигранско мајсторство ја одразуваат специфичноста на македонската култура и традиција“,
Вангел Деребан е добитник на највисокото општинско признание, Свети Климентовата награда. Тој е и автор на две книги „Битола град на мојата младост„ и „Македонски накит“.
Вангел Деребан почина на 93-годишна возраст на 10 септември 2013 година во Охрид.
Во 2021 година, нa 101-виот роденден на Вангел Деребан, се возобновува неговиот дуќан во старата чаршија во Охрид, каде се отвора и првата школа за филигранство во Охрид, и Музеј на Вангел Деребан каде ќе бидат изложени сите предмети кои се фамилијарно наследство на фамилија Деребан, како и негови лични изработки на накит и разни предмети од сребро.
КОНТАКТ
Е-маил
Локација
Работилница на филигранот – “Вангел Деребан”
Св. Климент Охридски Бр. 40
6000 Охрид, Р.С. Македонија