РАБОТИЛНИЦА НА ФИЛИГРАНОТ

Вангел Деребан
За проектотГАЛЕРИЈА

Вангел Деребан е роден во Струга во 1920 година. Филигрански чирак бил уште од најрано детство. Иако одличен познавач на занаетот, Вангел Деребан имал макотрпен пат до мајсторската диплома. Тој е шеста генерација филигрански мајстори на фамилијата Деребан. Веќе неколку века Деребановци се занимаваат со филигранство, а пишан документ за тоа Вангел Деребан има од 1819 година.

Делото на Вангел Деребан

во литературата и медиумите

Работилница на филигранот

“Вангел Деребан”

КУЈУНЏИСКИ ИЗРАБОТКИ

Кујунџиски изработки за домаќинството, за украси и за други потреби.

Кујунџиите во минатото изработувале и садови и украси за домаќинството како и прибор за тоалетни употреби, меѓу кои се: лажици, вилушки, ножеви, чинии/пјата/пајнци разни кошнички (за леб, за лажичиња и за други потреби), табаки (послужавници), разни тацни, чаши, држачи за чаши и филџани, сервиси за десерт, за кафе и за чај, паурчиња, ибрици, бонбониери, свеќници, декоративни садови за зачин, носачи на прибор за зачини, вазни, прибор за потреба на тоалетата (тоалетна масичка со огледало, огледало, леѓен, кутија за накит, кутии за разни мириси, кутија за пудра, боцички за парфеми, тацни за нараквици, ѕвончиња, разни четки, чешли, ножици, несесер, односно мала кутија за чување на прибор за бричење и други) итн. Нивни изработки се разни кутии за чување на вредности, мастилници, перодршки, табакери, кутии за тутун и др.

Кујунџиството во Македонија

Kитењето е старо колку што е старо и човештвото.
Меѓутоа, накитот како професионална дејност е од подоцнежен период на човечкиот развој. Изработувачите на накитот, кујунџиите, се талентирани, инвентивни луѓе кои работат со векови. Археолошките пронајдоци на теренот на Македонија за тоа доволно зборуваат. Бројни се такви наоди што се наоѓаат во витрините на нашите музеи, а и во странски институции

НАКИТ

КУЈУНЏИСКИ ИЗРАБОТКИ

.

КУЈУНЏИСКИ ИЗРАБОТКИ ЗА ЦРКВАТА

КОНТАКТ

Локација

Работилница на филигранот – “Вангел Деребан”
Св. Климент Охридски Бр. 40
6000 Охрид, Р.С. Македонија