Кујунџиството во Македонија

Kитењето е старо колку што е старо и човештвото. Меѓутоа, накитот како професионална дејност е од подоцнежен период на човечкиот развој. Изработувачите на накитот, кујунџиите, се талентирани, инвентивни луѓе кои работат со векови. Археолошките пронајдоци на теренот на Македонија за тоа доволно зборуваат. Бројни се такви наоди што се наоѓаат во витрините на нашите музеи, а и во странски институции

Нај­че­сто ку­јун­џис­тво­то ми­ну­ва­ло во нас­ледс­тво, се пре­не­су­ва­ло од по­ко­ле­ние на по­ко­ле­ние. Та­ка, на при­мер, Ванѓел Деребан е ше­сто ко­ле­но на стру­шка­та ку­јун­џи­ска фа­ми­ли­ја Де­ре­ба­нов­ци (Ѓо­ре, Ми­тре, Иг­но, Пе­труш, Але­ксан­дар и Ван­гел, па не­го­ви­те бра­ќа Лам­бе и Ни­ко­ла. И дру­га­та гран­ка на Де­ре­ба­нов­ци ги да­ла ку­јун­џи­и­те: Ми­ле, Јо­не, Ду­ке и Сла­ве). Та­ка е и кај дру­ги­те ку­јун­џи­ски цен­три.

Нај­го­лем про­цут ку­јун­џис­тво­то во Ма­ке­до­ни­ја има во сред­ни­от век, до­стиг­ну­вај­ќи кул­ми­на­ци­ја во XVIII  и во пр­ва­та по­ло­ви­на на XIX век.  Нај­го­ле­ми ку­јун­џи­ски цен­три би­ле: Стру­га, Охрид, Би­то­ла, Со­лун, Ко­стур, Во­ден, Се­рез, Дра­ма, Ка­ва­ла, Скоп­је, При­леп, Кру­ше­во и др. Нај­поз­на­ти­те ку­јун­џии авторс­тво­то на сво­и­те про­из­во­ди го за­шти­ту­ва­ле со жиг. Ку­јун­џи­и­те  би­ле ор­га­ни­зи­ра­ни во свој ес­наф. Ви­со­ко би­ле  це­не­ти ма­ке­дон­ски­те ку­јун­џи­ски изра­бо­тки, ка­ко во  Ма­ке­до­ни­ја, та­ка и по­ши­ро­ко.

Алати во кујунџиството

Кујунџиството во Македонија

Накит

Накитот се носи како симбол, украс и за апотропејска намена. Накитот се изработува од благородни, но и од други метали и неговата поделба најчесто се прави според неговата намена и деловите на телото на кои се носи – глава, врат, раце, облека. Често накитот како украс се украсува уште со ретки / скапоцени камења. Во накитот спаѓаат и кујунџиските изработки за домаќинството и за Црквата. Тие, иако, повеќето, се употребуваат за задоволување на разни потреби, воедно се украс на домот, на Црквата. Нив ги има во изобилство од секогаш. Ваквите изработки спаѓаат во делата на македонската уметност.

ВИДОВИ НАКИТ

Накитот најчесто, се групира според деловите на телото: накит за главата, накит за вратот, накит за рацете и накит – составен дел од облеката.

НАКИТ ЗА ГЛАВА

НАКИТ ЗА ВРАТОТ

НАКИТ ЗА РАЦЕ

НАКИТ СОСТАВЕН
ДЕЛ НА ОБЛЕКАТА

КУЈУНЏИСКИ ИЗРАБОТКИ

Кујунџиски изработки за домаќинството, за украс и за други потреби

Ку­јун­џи­и­те во ми­на­то­то изра­бо­ту­ва­ле и са­до­ви и укра­си за до­ма­ќинс­тво­то ка­ко и при­бор за то­а­лет­ни упо­тре­би, ме­ѓу кои се: ла­жи­ци, ви­лу­шки, но­же­ви, чинии/пја­та/пајн­ци раз­ни кош­нич­ки (за леб, за ла­жи­чи­ња и за дру­ги по­тре­би), та­ба­ки (пос­лу­жав­ни­ци), раз­ни тац­ни, ча­ши, др­жа­чи за ча­ши и фил­џа­ни, сер­ви­си за де­серт, за ка­фе и за чај, па­ур­чи­ња, ибри­ци, бон­бо­ни­е­ри, свеќ­ни­ци, де­ко­ра­тив­ни са­до­ви за за­чин, но­са­чи на при­бор за за­чи­ни, ваз­ни, при­бор за по­тре­ба на то­а­ле­та­та (то­а­лет­на ма­сич­ка со ог­ле­да­ло, ог­ле­да­ло, ле­ѓен, ку­ти­ја за на­кит, ку­тии за раз­ни ми­ри­си, ку­ти­ја за пу­дра, бо­цич­ки за  пар­фе­ми, тац­ни за на­ра­кви­ци, ѕвон­чи­ња, раз­ни че­тки,  чеш­ли, но­жи­ци, не­се­сер, од­нос­но ма­ла ку­ти­ја за чу­ва­ње на при­бор за бри­че­ње и дру­ги) итн. Нив­ни  изра­бо­тки се раз­ни ку­тии за чу­ва­ње на вред­но­сти, ма­стил­ни­ци, пер­о­др­шки, та­ба­ке­ри, ку­тии за ту­тун и др.

Ка­ко и кај на­ки­тот, од еко­ном­ски при­чи­ни, се по­ја­ву­ва и ими­та­ци­ја на ку­јун­џи­ски изра­бо­тки за до­ма­ќинс­тво­то. Ту­ка, пред се, спа­ѓа­ат по­сре­бре­ни пред­ме­ти ими­та­ци­ја или  пред­ме­ти изра­бо­те­ни од ле­гу­ри што се по­ус­пеш­на ими­та­ци­ја на сре­бро, ка­ко ки­но–сре­бро или ал­пак и фа­кфон.

Кујунџиски Изработки За Црквата

Кујунџиски предмети изработени за Црквата се бројни. Тоа се: опкови за икони, опкови за книги, крстови, рапиди, кандила, кандилници, полиелен, путир, дискови, разни кутии, лажиче за причестување, глава на владичкиот и архиепископскиот жезол, каси, шандани, паурче (алавестра) за чување на свето миро, венци за венчавање, митри и многу други.

КОНТАКТ

Локација

Работилница на филигранот – “Вангел Деребан”
Св. Климент Охридски Бр. 40
6000 Охрид, Р.С. Македонија